11.1 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаАмбасадорката на Швајцарија во посета на Охрид

Амбасадорката на Швајцарија во посета на Охрид

Денес, Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти, беше во посета на Охрид.

Заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион Мирјана Лозаноска и претставникот на Советот за развој на Југозападен плански регион, ја посетија ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

Директорот д-р Ацо Велески им го претсави базенот за физикална терапија, кој ЈЗПР во соработка со Општина Охрид во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ го релизираа преку Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработкa.

Од страна на стручните лица, Амбасадороката беше запознаена со досегашниот тек на работа на базенот и медицинските третмани кои се одвиваат тука. Дополнително беше разговарано и за потребите за дозаокружување на базенската опрема, која повторно би била финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Градоначалникот Кирил Пецаков, изрази благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Тој ги истакна проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцираше дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани. Амбасадорката истакна дека до сега е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите кои се одвиваат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион и Општина Охрид.

Таа потенцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...