18.3 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЃургај: Во Албанија никогаш немало Бугари, тоа се побугарени Македонци за пари

Ѓургај: Во Албанија никогаш немало Бугари, тоа се побугарени Македонци за пари

Во Албанија има Македонци и никогаш немало Бугари, вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското здружение Илинден со седиште во Тирана, а кое има и ограноци во Голо Брдо и Гора во Албанија.

– Станува збор за побугарени Македоци и тоа за пари и други интереси, изјави Ѓурѓај за Радио Слободна Европа (РСЕ).

 

Ѓурѓај, политички аналитичар и главен уредник на весникот Илинден додава:

– Тие кои се декларираат како Бугари во Голо Брдо и Гора во Албанија, знаат и самите дека се Македонци, но тоа се лица кои поради материјални интереси сега шират антимакедонска пропаганда, а сето оваа е поврзано и со севкупните состојби помеѓу Македонија и Бугарија, и притисоците на Софија за бугаризирање на Македонците, вели тој.

Коментирајќи ги актуелните активности на Бугарската амбасада во Тирана Ѓурѓај бара од официјална Албанија да преземе мерки за спречување на антмакедонската пропаганда од страна на Бугарија во Албанија.

– Оваа пропаганда од страна на Софија особено се зајакнува и по барањето на македонските здруженија во Албанија и македонската партија Македонска Алијанса за европска интеграција во Албанија, владата на Еди Рама да го прифати и формирањето на Голо Брдо и Гора како две нови општини во Албанија со македонско мнозинско население, вели Ѓурѓај за Радио Слободна Европа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...