17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПчеларите во Македонија најавуваат поскапување на медот од 15 евра за една...

Пчеларите во Македонија најавуваат поскапување на медот од 15 евра за една тегла !!!

spot_imgspot_img

Некои производители на мед во Македонија најавуваат цена од најмалку 15 евра за еден килограм. Сега цената на медот во Македонија, во зависност од град или регион, се движи од 450 до 700 денари за една тегла. Производителите се вадат на високата откупна цена што ја нудат странските трговци на големо кои медот го откупуваат и по 15 евра за тегла.

Во градовите во источна Македонија тегла мед се продава за најмалку 500-600 денари, а во некои градови за 700, па и за 800 денари, но најновата најава од најмалку 15 евра за килограм ги загрижува и производителите и граѓаните како потрошувачи. Голем пораст на цените бележат и останатите преработки од мед.

„Субвенции сè уште немаме добиено. Шеќерот поскапе, сандаците се енормно скапи, ветеринарите си тераат по свое, па со оглед на неповолната сезона оваа година во која немавме доволно пчели, сметаме дека една тегла мед треба да биде барем 1.000 денари“, вели пчеларот Нове Јошевски од Кавадарци.

Пчеларите од Штип се согласуваат дека од државата треба да добиваат помош. Велат дека се принудени да ја зголемуваат цената на медот, иако знаат дека економската моќ на граѓаните ќе влијае врз пласманот на производот на пазарот.

„Вакви високи цени диктираат пчеларите кои успеваат да го пласираат медот на големо. Свесни дека граѓаните ќе се откажат од консумацијата на мед, ние помалите производители настојуваме да не ја зголемуваме цената, па сè уште го продаваме медот по 450 денари“, вели Наталија Лонгурова, која одгледува пчели во околината на штипското село Судик.

Самите пчелари апелираат граѓаните да внимаваат каков мед купуваат, затоа што голем дел од понудата е фалсификуван вештачки мед и бараат инспекциите да прават редовни контроли.

Т. ЈОВАНОВСКИ Sdk.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...