19.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаГерманија се жали дека САД и продаваат гас по астрономски цени

Германија се жали дека САД и продаваат гас по астрономски цени

spot_imgspot_img

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

Тој порача дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...

Наумче Мојсовски и уште 11 лица обвинети за проневера од 5 милиони евра.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади...

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела...

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...