6.2 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски загрижен: 4.000 луѓе ќе останат на улица зашто Власта ќе ги...

Мицкоски загрижен: 4.000 луѓе ќе останат на улица зашто Власта ќе ги затвори Осломеј и РЕК Битола

spot_img

„Кога беше трибината на СДСМ ако не се лажам, тука беше Димитар Ковачевски, јас не знам дали намерно или од незнаење кажа дека не сме ја говореле вистината кога станува збор за кредитот од 100 милиони евра, кој што треба да се користи за ликвидност на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ. Кога велиме дека ако се земе тој кредит, тогаш се презема и обврската да се затвори до 2023-тата година Осломеј, а 2027-мата РЕК Битола. Еве јас од тука ви тврдам дека во законот за кредит кој што е дел од собраниската процедура јасно стои дека три услови се јасни, дека до 2023-та треба да се затвори Осломеј, а, до 2027 субцесивно 2025-та, 2026-та и 2027 се затвораат сите три блока во Битола“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола.
Мицкоски додаде дека во втора половина на 2022 година треба да се интегрира македонскиот енергетски пазар со грчкиот, а во 2023-та со бугарскиот. Односно да се направи на Македонија енергетска анексија и енергетско уништување.
„Најодговорно ви тврдам подготвен сум јавно да застанам и да го бранам ова и да го спорам со секој еден дали бил од ЕБОР, Европска Банка, дали бил од Владата, од СДСМ, или пак од ЕСМ. Подготвен сум да зборувам и да ги имаме и двата документа, едниот е законот кој што е во Собрание, и другиот документ е договорот за заем што го има државата потпишано. Јас ги имам и двата. Најодговорно тврдам дека ова што јас го зборувам е вистината“, нагласи тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи со тоа ќе има нови 4.000 луѓе на улица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...