7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаЗапленети 2.100 лажни часовници во Германија наменети за македонскиот пазар

Запленети 2.100 лажни часовници во Германија наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници биле запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти тамошната полиција.

Во меѓувреме се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале во пратка од Хонг Конг, пишува ДВ.

Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле транспортирани преку аеродром во Германија, пренесува српски „Телеграф“.

Доколу би биле оригинални, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на германската Царинска служба.

Цариниците ги откриле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.

-Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, вели Кристи Штрас, портпаролка на Царината на аеродромот во Франкфурт.

Таа додава дека веќе се уништени лажните часовници.

Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.

Царинските службеници заплениле часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.

Извор: 4news

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...