16.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаЗабаваЕлена Велеска во друштво со најбогатиот Македонец во Америка !!!

Елена Велеска во друштво со најбогатиот Македонец во Америка !!!

Фолк пејачката Елена Велевска заедно со неколкумина нејзини колеги од македонската естрада ужива и печали во Америка. Денес на социјалните мрежи познатиот тв водител и новинар Јанко Илкоски, или Јанко Јади Бурек на својот профил на Твитер сподели токму заедничка фотографија од Џорџ и Елена направена во далечната Америка за време на прославата за празникот Водици.

Но многумина од вас сигурно ќе се запрашаат кој Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски? и од каде толкаво богаство кај овој Македонец кој заминал на печалба уште во далечната 1970 година

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонскот знаме од Кутлеш (Палатица). Тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка. Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонски стопански, економски, културени верски препород, како и за натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија. Во 2023 година го прослави своето седумсетото лето Господово на наговиот бурен живот, за кој со право се вели дека тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Тој во брак има четири сина кои успешно одат по неговите стапки. Во неговото потесно семејство се и сестра му Виолета, која е кардиолог на Флорида, а брат му Јосиф е позната и призната личност во бизнисот во американското општество.

Во 1970 година заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, со кого ја почна својата кариера како инженер вработен на Универзитетот во Њујорк. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија. Седиштето на “Мајкрофлекс инк.” е во Ормонд Бич на Флорида чии целосно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри. Врвниот квалитет на флексибилните метални производи ги задоволуваат потребите на светски познатите: Форд, Крајслер, Џенерал моторс, Џенерал електрик, НАСА и други фирми ширум светот. Неодамна е почната изградбата на нови производни погони во Америка. А наскоро господинот Атанасоски планира да го изгради и првиот погон во Македонија за да се задоволат потребите на ЕУ, НАТО и другите европски земји со производи од добро познатата и призната програма на “ Мајкрофлекс инк.” потврдени со сертификати за стандардизација, ИСО 9001.

Меѓутоа, бизнисменот Атанасоски е препознатлив како најзначаен инвеститор од Македонците во дијаспората кои инвестирале во дедовската земја – Република Македонија. Тој е основач на Македонски светски неделник “Македонско сонце”, на претпријатијата “Мак ам”, како интернационална компанија, на хотелот со бензинска пумпа “Сонце ГА” во Прилеп, најпатриотската телевизиска станица во Македонија ТВ “Сонце” во Скопје, “Жито Прилеп” во Прилеп, на Женскиот ракометен клуб “Прилеп” и други инвестиции, а планира да вложи сопствени средства за нови производствени капацитети во Република Македонија и пошироко. Со тоа тој се вбројува меѓу економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време престојува во Америка, од своето емигрирање до денес, тој е нераскинливо поврзан со судбината и со настаните во Македонија.

Меѓу другите активности во новата средина во САД, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обедини македонската заедница преку спонзорирање на социо-културни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија.

Имено, тој ешеф на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав, како и промоција на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот.. Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај 1992 година господинот Атанасоски ги фокусираше своите напори за финансиско помагање на Светскиот македонски конгрес (СМК). Оваа асоција е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации. Истата година, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во СМК резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата во Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.

На 24 јуни 1994 година, за да ја назначи важноста и да создаде верба во независните медиуми, тој го кофинансира, организира и етаблира првиот светски македонски неделник “Македонско сонце”, кој успешно опстојува на македонскиот медиумски простор, кој е отворен за секој граѓанин во земјата и во светот.

Како резултат на неговата политичка кариера, на претседателските избори во октомври 1994 година, македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за независен кандидат за претседател на Република Македонија. Исто така и во 1999 година Атанасоски се кандидира за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од познати причини неуспеа да ја реализира својата намера.

Меѓутоа, Атанасоски не ја напушти почнатата патека за доброто на македонскиот народ и за неговата подобра сегашност и иднина. Продолжи со своите активности и како резултат на тоа, во текот на јануари 1996 година, поведе иницијатива за формирање на политичката партија “Македонска алијанса”.

Окружниот суд во Скопје, како надлежен за Судскиот регистар на политичките партии, во вонпроцесна постапка, а во согласност со законските одредби, одлучи и донесе Решение со кое Македонската алијанса со седиште во Скопје стекнува својство на правно лице и дека може да започне со работа од 22 март 1996 година

Од 1996 година до денес, господинот Атанасоски е претседател на партијата “Македонска алијанса”. Партија е регистрирана во Скопје, но има свои ограноци речиси во сите земји во светот, во кои живеат Македонци и е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Промовирајќи ги своите патриотски ставови, Македонска алијанса стана синоним за националната борба на македонскиот народ. За таа цел, во 1998 година Македонска алијанса ја формира “Македонската национална коалиција”, со која учествуваше на парламентарните избори.

Македонската алијанса продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за развој на државата. За таа цел, партијата нуди рака за соработка со сите Македонци и малцинства во Република Македонија, за во иднина сите да партиципираат во севкупниот просперитет на државата.

Во 1996 година господинот Атанасоски ја основа и стана претседател на “МАК АМ Интернатионал Цоорпоратион”. “МАК АМ” беше интернационална трговска компанија со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп во Република Македонија. Основната дејност на “МАК АМ” беше увоз и извоз на производи во и од Македонија. И денес тој упорно продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за унапредување на македонската држава. Човекот кој се докажа како исклучително способен и успешен бизнисмен, докажан патриот, за кого родното огниште, неговиот народ и македонската кауза се во преден план.

Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е уште поголем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци, дава сеопфатна стручна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко.

Тој долги години се занимава со изработка на софистицирани флексибилни метални висококвалитетни производи наменети за авионската, за автомобилската, за машинската индустрија итн., при што е добитник на многубројни високи меѓународни награди за успешен бизнисмен. Дел од својот капитал инвестира во Прилеп и во Скопје, а успешно се занимава и со други професионални и стручни ангажмани.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници со спонзорирање на социо-културолошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД. Особено е активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Шеф е на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав и промоција на признавањето на Македонија како суверена земја од страна на земјите од светот. Остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации.

Тој навистина е прототип на Македонец кој со своето знаење, интелигенција, итрина и адаптибилност успешно се снашол во туѓина. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце како Големиот Александар, активен е и во Македонија цели дваесет години во економијата, политиката, културата, медиумите и во општо во социјално-општественото живеење и опстојување на македонскиот народ и Македонија.

Госпосинот Џорџ Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на највисокото американско општествено признание “Елис ајленд”

Бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Немуму припаѓа заслуженото високо место во хиерарсиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

Материјалот е објавен во Монографијата за Ѓорѓија –Џорџ Атанасовски од Славе Николовски – Катин, во издание на „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468, (на македонски и англиски јазик).

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...