11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУкраина бара дополнителна воена помош од Македонија

Украина бара дополнителна воена помош од Македонија

spot_imgspot_img

Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активности мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.
Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука. Сега во моментов, како што напоменав, се прави анализа, а се разбира ние сме отворени сè додека има потреба од поддршка Република Северна Македонија, да пружи поддршка, изјави министерката.

Петровска повтори дека барањето е класифицирано, напоменувајќи дека одлуките кои веќе се донесени се декласифицирани и ѝ се достапни на јавноста.

– Се однесуваат повеќе барања како што реков тие се класифицирани не би ги споделувала во детали. Она што досега го испорачавме и одлуките кои ги донесовме досега тие веќе ги декласифициравме како што објавив, мислам дека веќе е објавено и на сајтот на Министерството, каде што само е задржано само правото да не ги споменуваме, да не ги споделуваме количините, тоа е заради тоа што сепак, станува збор за оперативни информации. Меѓутоа видот во смисла на тоа каков вид подетално на оружје, вооружување веќе сме донирале е објавено, изјави министерката за одбрана Петровска.

Донациите од Македонија за Украина се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилериска опрема, тенкови, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...