7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски контра Заев: Австрискиот амбасадор е во право

Пендаровски контра Заев: Австрискиот амбасадор е во право

spot_imgspot_img

Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

Вака претседателот Стево Пендаровски ја искоментира вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.
И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража – рече Пендаровски.

Инаку, фирма од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма, и времена мерка за забрана за отуѓување на нејзиниот имот, реагира на тоа што и покрај судската забраната, фирмата ја отуѓува својата сопственост, оставајќи мали или никакви шанси доверителот, австриската компанија АММА, да си го наплати долгот.

Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник.

Австрискиот амбасадор бара надлежните судски органи, обвинителството и стручните комори да реагираат и да го спречат криминалот.

Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово“, наведува амбасадата на Австрија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...