11 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаПоднесена кривична пријава против раководителите на СВР Битола

Поднесена кривична пријава против раководителите на СВР Битола

Синдикатот на полиција во Македонија денеска поднесе кривична пријава против три лица од СВР Битола заради, како што велат, основано сомнение дека сите пријавени сториле исто кривично дело „повреда на правата од работен однос“ по член 166 став 1 и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

-Пријавените во својство на службени лица – раководители во Министерство за внатрешни работи – СВР Битола и тоа првопријавениот како командир на ПО за БПС Крушево, второпријавениот како началник на СВР Битола и третопријавениот како началник на ОВР Крушево со тоа што свесно не се придржувале кон закон или друг пропис на оштетената М.

В. од Крушево и повредиле, одземале и ограничиле право што му припаѓа на работникот.

Со тоа и нанеле материјална штета, со неизвршување и пречекорување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, ОВР Крушево, ПО за БПС Крушево, соопшти Синдикатот.

Според нив, во конкретниот случај иако до тој момент од страна на надлежниот јавен обвинител воопшто немало никаков основ за започнување на кривична постапка сите наведени незаконито преземале мерки и дејствија спротивно на одредбите од ЗКП.

-Ја повикуваме внатрешната контрола во МВР да го истражи случајот, да преземе мерки лично, а не да задолжи друга организациона единица во МВР да и ја врши нејзината работа како што до сега и е пракса.
Го повикуваме министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ исто така да го истражат случајот и што побргу да добие разрешница, потенцираат од Синдикатот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...