18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСашко Коцев: „Светските криминалци извадија пасоши, ние не можеме.

Сашко Коцев: „Светските криминалци извадија пасоши, ние не можеме.

spot_imgspot_img

Сашко Коцев на едноставен, многу духовит и забавен начин и многу точно го доловува нашето секојдневие и нѐ опишува како народ во стендапот „Широк дијафазон“. Коцев ја играше втората претстава во Македонскиот народен театар (МНТ) сношти, а следната е закажана за 13 декември.

Во речиси секоја приказна е вметната и негова лична. Раскажувајќи за докторскиот јазик наспроти неговиот кафеански, вели дека живее со докторка и се навикнал и наједноставните термини да ги слуша на латински.
Коцев нѐ враќа и во постаро време кога немало мобилни телефони и го поставува прашањето: Зошто ли фиксните телефони порано стоеја во ходник, покриени со милје? Наспроти ова, ѝ дава на публиката момент да го слика за инстаграм приказна, имитирајќи ги трендовските пози за сликање во денешно време.

Стендапот кој трае неполни два часа го развесели и до солзи го насмеа полниот театар, како што се очекува од Коцев поради неговата умешност и секогаш актуелните теми, но можеби и поради тоа што речиси и да не зборува за политика. Актерот точно оценил дека на луѓето им е здодеано од исти муабети каде и да се свртиш, па ни донесе една убава ведрина со многу други теми.

Сепак, тој накусо го прокоментира и хаосот со вадењето лични документи:

„Светските криминалци извадија пасоши, ние не можеме. Брзата постапка за вадење пасош трае четири години“.

На крајот, во темата наречена „Само кај нас“, Коцев на многу едноставен, но ефектен начин порачува да станеме подобри луѓе.

М. ЏАРОВСКА Сдк Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...