16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов почнува да го реализира Трамвајот на тркала..

Шилегов почнува да го реализира Трамвајот на тркала..

spot_imgspot_img

Пратениците во петокот го изгласаа законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за воведување трамвај на тркала во Скопје. Со тоа, по неколку месечна собраниска процедура Град Скопје конечно може да почне со имплементација на проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ). Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра, а како што вели градоначалникот Петре Шилегов, наскоро Владата ќе го потпише договорот за задолжување.

„Откако Собранието го усвои законот за задолжување, наголемо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз. Екипи на Градот и ЈСП ‘Скопје‘ и досега работеа на подготовка на техничката документација. Со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката“, вели Шилегов.

Идејното сообраќајно решение е веќе изработено од стручњаци од Битола, Скопје, Белград, Лондон и Брисел. Шилегов вели дека тоа решение ќе претставува основ за тендерската документација.

„Моите очекувања се дека до крајот на јуни ќе се создадат можностите да се распише тендерот. Важно е да се напомене дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член. За мене и за Скопје е важно што е ова верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот“, вели Шилегов.
Проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот.

Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите ќе бидат со хибрид на гас и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК !!!

За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски...

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата...

Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1. мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до...

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице.. На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на...