12.9 C
Ohrid
четврток, мај 16, 2024
ПочетнаЗабаваСе одржа концерот на музичката ѕвезда Дино Мерлин, влезниците се продаваa по...

Се одржа концерот на музичката ѕвезда Дино Мерлин, влезниците се продаваa по цена од 2.500 евра.

Во Порто Монтегро јахт клубот, во Тиват, Црна Гора, се одржа спектакуларниот концерт на музичката ѕвезда Дино Мерлин, за кој се продаваа влезници по цена од 2.500 евра.

Иако кога беа објавени вртоглавите цени на влезниците, односно на пакетите со шише шампањ и ВИП софа за пет лица, јавноста беше во шок и прашуваше зар некој би издвоил сума од 2.500 евра за да присуствува на концерт, сепак истите биле распродадени за кратко време.

Од фотографиите и видео снимките кои се објавија по концертот, може да се види дека во ВИП делот помеѓу гостите има звучни имиња.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се помеѓу најрасположените, актерката Марија Каран, кошаркарот Тадија Драгичевиќ, новинари и многу бизнисмени од регионот, биле дел од веројатно најскапиот музички настан на Балканот кој се случи ова лето.

За оние љубители на музичарот пак, кои се одлучиле за поевтина варијанта, се нудеа пакет влезници по цени од 850, 750 или 500 евра, во зависност од локацијата на коњопојот и избраното шише пијалок.

Мерлин (Ервин Делишхалидовиќ), важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот. Во Македонија за последен пат настапи на дочекот на новата 2020 година, на плоштадот во Скопје.

Пишува Вики Клинчарова- Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осомничен за двојно убиство си го одзеде животот во македонски затвор

Во затворот К`шање се обеси притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш, објави ТВ Стар. Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од...

Маж од Тимјаник на неготинци им вклучил полициски сирени преку мегафон на полноќ!

Возило во движење низ центарот на Неготино, од кое околу полноќ во саботата кон неделата се слушале полициски сирени и други звуци, ги вознемирило...

Охриѓани го имаат најдобриот градоначалник: Започнаа активности за реконструкција на зградата од поранешната касарна !!

Започнаа активности за реконструкција и адаптација на зградата од поранешната касарна во која ќе се префрли ООУ “Кочо Рацин”. Зградата ќе биде опремена со сите...

Се огласи Фатмир: Останувам лојален кон СДСМ, лага е дека ќе преминам во ВЛЕН

Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”. Моето членство во СДСМ и...