17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаЗабаваКаде е животот најмалку стресен?: Мажите најдолго живеат во Австралија, а жените...

Каде е животот најмалку стресен?: Мажите најдолго живеат во Австралија, а жените во оваа европска држава

spot_imgspot_img

Анализата со која биле опфатени 15 земји од светот покажува дека жените најдолго живеат во Швајцарија, каде очекуваниот животен век изнесува дури 79,03 години, а Австралија води кога е во прашање очекуваниот животен век на мажите (74,1 година).

Научниците од универзитетот Пенсилванија на чело со д-р Мишел Гило ги анализирале податоците од 15 земји во Европа, Северна Америка и Азија, во кои животниот век е долг. Помеѓу останатото, во тие земји спаѓаат и Норвешка, Јапонија, Шпанија, Данска и Белгија.

На дното на листата за жени се наоѓаат Италијанките чиј очекуван животен век во просек изнесува 72,14 години. Најкраток просечен животен век имаат мажите во Португалија: 64,77 години.

Д-р Колин Пејн од Австралискиот национален универзитет, кој бил еден од лидерите на студијата, истакнал дека е врежано мислењето дека Јапонија и нордиските земји покажуваат одлични резултати кога се во прашање здравјето, благосостојбата и долговечноста.

“Но, исто така и Австралија. Резултатите се последица од трајната стабилност и фактот дека Австралија има висок животен стандард долго низ годините. Едноставните работи како што се доволната количина на храна и фактот дека не се соочуваат со големи конфликти играат важна улога”, додава Пејн.

Очекуваниот животен век на Јапонците е 68,52 години, а на Јапонките – 72,9.

Листа на земји во кои жените живеат најдолго:

– Швајцарија – 79,03 години

– Австралија – 78,79 години

– Норвешка – 78,61 година

– Шведска – 78,39 години

– Холандија – 78,17 години

– Велика Британија – 76,3 години

– Франција – 76,97 години

– САД – 76,43 години

– Данска – 75,83 години

– Финска – 75,17 години

Листа на земји во кои мажите живеат најдолго:

– Австралија – 74,1 година

– Шведска – 74 години

– Швајцарија – 73,7 години

– Норвешка – 73,1 година

– Холандија – 72,6 години

– Велика Британија – 72,33 години

– Данска – 71,87 години

– САД – 71,57 години

– Финска – 69,21 година

– Белгија – 68,83 години

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...