14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветИ покрај сите пречки, денес во Атина беше отворена првата џамија !!

И покрај сите пречки, денес во Атина беше отворена првата џамија !!

spot_imgspot_img

По 14 години и по низа бирократски пречки, првата џамија во Атина, вчера, ги отвори вратите за верниците.

Првата молитва се одржа под превентивни мерки за заштита од корона вирусот, а генералниот секретар за религија од Министерството за образование и религија на Грција Георгиос Каланѕис за „Катимерини“ вели дека по долги обиди на сите Влади уште од 2006 година, кога беше изгласан конкретниот закон, џамијата конечно е завршена.

Грција испраќа јасна порака во и вон земјата. Порака на демократија, верска слобода и почитување. Но, во исто време е и порака за придржување до легитимноста и почитувањето на културата на нашата земја – вели Каланѕис.

Според весникот, дневно ќе се одржуваат по пет молитви, а планирано е и свечено отворање на џамијата, за кое управниот одбор, дополнително ќе соопшти, во зависност од текот на пандемијата.

Во јуни 2019 година, откако беше финализирана изградбата, џамијата ги отвори вратите за тогашниот министер за образование и религија на Грција, како и за новинарските екипи.

Џамијата е на мала оддалеченост од центарот на Атина, во специјално уреден простор, со голем двор со детско игралиште и фонтана, со капацитет во внатрешноста да прими 350 лица (300 мажи и 50 жени), но е без минариња.

Внатрешноста на џамијата е поделена во два дела, едниот поголем наменет за 300 верници – мажи, другиот, мала просторија за 50 жени.

Во главниот, поголемиот простор се наоѓа и посебниот дел во облик на полумесечина, вгарден во ѕидот што е наменет за имамот, а над него, на арапски е напишан дел од Коранот. Поставен е, за верниците, за време на молитвата да гледаат во насока на Мека.

Станува збор за прва државна џамија, што значи дека целата одговорност и за чување и за целиот простор ја има државата.

Атина беше единствената европска престолнина што немаше џамија, а сега станува првата европска престолнина во која ќе функционира државна џамија.

Муслиманите кои живеат во Атина, верските ритуали досега ги извршуваа во импровизирани простории од кои, само неколку се легални.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...