2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветЛоцирано местото на падот и пронајдена црната кутија на Боингот кој...

Лоцирано местото на падот и пронајдена црната кутија на Боингот кој падна во Индонезија

spot_imgspot_img

Индонезиските власти го лоцираа местото на несреќата на патничкиот авион Боинг 737, а спасувачите ги пронајдоа багажот и деловите од телата на патниците.

Донесени 3 вреќи со остатоци од авионот и 5 вреќи со делови од телата на жртвите.

Во авионот на компанијата „Сирвиџаја ер“ имало 62 патници и членови на екипажот, кога тој исчезнал од радарот кратко по полетувањето од Џакарта. Тој бил на пат кон провинцијата Калимантан.

Властите денес ги регистрираа сигналите и ја пронајдоа црната кутија во авионот

Повеќе од 10 брода се наоѓаат на местото на несреќата, како и поморски нуркачи.„Откривме сигнали на две точки, ова може да биде црна кутија“, изјави шефот на индонезиската агенција за пребарување и спасување, Багус Пурухито, пренесува Би-Би-Си.

Истражителите започнале со анализа на предмети за кои веруваат дека се остатоци од авионот, вклучувајќи ги и тркалото и дел од трупот.

Портпаролот на полицијата во Џакарта, Јусри Јунус изјави дека агенцијата за потрага и спасување пронашла две торби.

„Првата торба содржеше личен багаж на патниците, додека втората имаше делови од телото. Ние сè уште ги идентификуваме овие откритија“ – им рече Јунус на новинарите.

Акцијата за пребарување и спасување беше прекината синоќа, но продолжи рано утрово. Во акцијата е вклучена и авијацијата.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...