14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаЗабава(Видео) Го проголтал кит, па го исплукал – Животна драма на американски...

(Видео) Го проголтал кит, па го исплукал – Животна драма на американски нуркач

spot_imgspot_img

Голем грбав кит го проголта Американецот Мајкл Пакард, ловџија на јастог, близу Кејп Код за да го плукне по неколку секунди, пренесува Би-Би-Си. Пакард рече дека нуркал во близина на градот Провинстаун во државата Масачусетс кога завршил во џиновскиот уста на кит каде поминал околу 40 секунди. Китот го исплукал, а Пакард поминал само со истегнато колено. 56-годишниот Пакард рече дека сметал дека бил нападнат од голема бела ајкула, позната во оваа област, а потоа сфатил дека нема заби.

– Одеднаш ми падна на ум дека сум во устата на кит и дека се обидува да ме проголта. Мислев дека е ова сигурна смрт и се збогував со сопругата и моите два сина – рече Пакард.Тој рече дека одеднаш китот испливал над водата, го исфрлил од устата и почнал да ја тресе главата.– Одеднаш се најдов во воздухот, како на врвот на фонтаната, и паднав во водата, бев слободен и се чувствував како да лебдам. Не можев да поверувам – рече Пакард.

И покрај постојаните апели на неговата сопруга да најде друга работа, тој нема намера да ја заврши својата 40-годишна кариера како нуркач на Кејп Код.

Грбавите китови може да пораснат и до 15 метри и да тежи околу 36 тони. Според научниците и истражувачите, во моментов има околу 60.000 од нив во природата.

mms.mk

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...