12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветФејсбук, и Твитер ги ограничуваат вестите за Русија.

Фејсбук, и Твитер ги ограничуваат вестите за Русија.

spot_imgspot_img

Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина.

Технолошките платформи станаа дополнителен фронт за меѓународен напад, како и на големиот број лажни вести.

Мета соопшти дека ќе го ограничи пристапот до РТ и Спутник во Европската унија, кои западните земји ги обвинуваат дека се гласноговорници на Кремљ и ја оправдуваат војна во Украина.

Само неколку часа претходно, Твитер соопшти дека ќе објавува предупредувања во твитови кои споделуваат линкови до руските државни медиуми.

Твитер и Фејсбук беа погодени од ограничувањата за пристап во Русија, така што таму се целосно „неупотребливи“.

Европската унија во неделата објави забрана за емитување на РТ и Спутник во земјите од Унијата. Според претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, овие медиуми „повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на претседателот Владимир Путин“.
Пишува: Tv24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...