11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаСветНепознат маж со шише се обидел да го нападне претседателот Бајден во...

Непознат маж со шише се обидел да го нападне претседателот Бајден во Брисел !!!

spot_imgspot_img

Непознатиот маж утрово ја нападнал колоната на претседателот на САД, Џо Бајден во Брисел. Инцидентот, кој го забележале камерите, се случил во околу 9:40 часот.

Полицијата веднаш го совладала и привела мажот кој фрлил шише во насока на колоната. Како што се наведува, напаѓачот бил во алкохолизирана состојба.

„Мажот кој беше во алкохолизирана состојба го фрли шишето кон колоната на претседателот на САД, Џозеф Бајден. Успеавме да го сопреме шишето пред ударот“, навел портпаролот на полицијата.

Потсетуваме, поради посетата на Бајден жителите на Брисел биле предупредени дека ќе се применуваат вонредни безбедносни мерки, построги од оние кои се вообичаени за самите лидери на ЕУ или други светски службеници, вклучувајќи ги и највисоките државници на Кина и Русија.

Бајден во средата навечер пристигнал во Брисел, а денеска присуствува на самитот на НАТО, Г7 и лидерите на ЕУ.

  1. Во Брисел ќе остане до петок наутро, кога е најавено заминување на американскиот претседател во Полска.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...