13.1 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Aко нема парно за граѓаните во Скопје, и ние во...

Пендаровски: Aко нема парно за граѓаните во Скопје, и ние во вила „Водно“ ќе го исклучиме греењето

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Колку што јас знам околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните – рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.

– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам – рече Пендаровски.

-Според она што го знам и јавно е познато до овој момент, Владата тврди дека нема да има рестрикција на струја. Владата тврди дека ќе имаме проблеми да набавиме енергенси по релативно пристапани цени за нашата економија. Но, дека ќе има количини, ќе има – рече Пендаровски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски. Претседателот на...

Сите заеднички сплотени за мајка Македонија: Погледнете како се славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата издвојуваа победа на парламентарните и претседателските избори. Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ еуфорично и братски ја прославија победата на градскиот...

Охрид доби тројца пратеници од ИЕ5 во Собранието на Република Македонија

Честитки за народот, за сите охриѓани кои ни дадоа огромна поддршка и доверба испраќајќи единствена порака дека е време за ново поглавје и доаѓаат...

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...