18.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаЗабаваНа денешен ден пред 52 години од страна на ЦИА убиен е...

На денешен ден пред 52 години од страна на ЦИА убиен е латиноамериканскиот револуционер, борец за социјализам и национално ослободување Ернесто Че Гевара.

spot_imgspot_img

На денешен ден, 9 октомври, во 1967 година, починал Ернесто Гевара, марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција.

Ернесто Гевара (шпански: Ernesto Guevara) е роден на 14 јуни 1928 во Росарио, Аргентина.

Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“.Во овој период Гевара го добил својот познат прекар „Че“.

По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните општества патувајќи по светот како кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и следниот ден убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот. Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи, тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.

Магазинот Time го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои на листата 100 највлијателни луѓе во светот во 20 век.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...