11 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков: Здравјето му го зедовте на Охрид, 7 години не помрдна „автопатов“...

Пецаков: Здравјето му го зедовте на Охрид, 7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид !!!

Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла..
Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација…
7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен.., се вели во реакцијата на градоначалникот Кирил Пецаков, а во врска со одлуката на владата за затворање на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, а сообраќајот да биде пренасочен по стариот пат Охрид-Струга.

Понатака градоначалникот Пецаков во својата реакција додава:

“Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности…

Без разлика шо не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи”!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...