11.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаВеќе скоро три месеци македонските филхармоничари протестираат против штетната одлука на Министерката...

Веќе скоро три месеци македонските филхармоничари протестираат против штетната одлука на Министерката Бисера Стојчевска Костадиновска

Веќе скоро три месеци македонските филхармоничари протестираат против штетната одлука на Министерот за култура, Г-а Бисера Стојчевска Костадиновска, а тоа е во концертната сала на Филхармонија, изградена наменски за оваа институција да се смести уште една институција, Оркестар за Џез музика, која што е сеуште во фаза на формирање.

По она што досега можеме да го видиме, и Министерот за Култура и Премиерот Ковачевски, останаа глуви и слепи на сите нивни дописи, молби, протести итн.
Очигледно е дека никому не му е грижа за мислењето на овие врвни уметници, на оваа институција која што 8 децении е главниот културен амбасадор и репрезент на македонската музичка култура.

Симптоматично е како дојде до сета оваа какофонија и како е возможно желбата на поединци (некои од нив и вработени во Филхармонија) да биде ултимативно исполнувана и испочитувана и да се издаде наредба и одлука на Владата, по секоја цена новоформираната институција за Џез музика да биде сместена во објектот на Филхармонија. Што се крие зад сето ова? Дали е навистина само наивната желба и идеал за делување на џез оркестарот или има и други покрупни интереси, за кои одговорот вешто се одбегнува.

Сведоци бевме на многу непримерни коментари на фејсбук од страна на некои музичари, очигледно од џез фелата, кои што слепо веруваат дека ќе добијат вработување во државниот оркестар. Филхармоничарите покажаа високо ниво на комуникација и во ниту еден момент не влегоа во конфронатција со своите колеги џезери ниту пак се побунија за тоа што тие ќе добијат национална институција. Нивниот став од првиот момент се до денеска е јасен, и тоа го нагласуваат во секое соопштение до медиуми, на секој нивен протест и јавен настап. Тие едноставно сакаат да си ја заштитат концертната сала која што велат дека ја добиле после повеќе од седум децении постоење на институцијата, и дека таа не може да биде простор каде што ќе работат паралелно две институции.

За жал, нивниот став беше крајно негативно претставен од нивните колеги џезери, од одредени медиуми па и од самиот Министер за култура. Бесрамно се напаѓа и буквално се врши насилство врз оваа институција и нејзините членови, се спинуваат секакви вести, буквално се лаже јавноста се со цел да се заврши целата процедура за вдомување на Џез Оркестарот и да се задоволат одредени желби/амбиции или пак некакви тајни поголеми договори помеѓу одредени лица.

Чиста и јасна е намерата на филхармоничарите, кои сами достоинствено се борат против оваа штетна одлука, во ниту еден момент не дозволувајќи ситуацијата да им излезе од контрола. Но, не е доволно јасен ставот на надлежните институции, уште повеќе нивниот безобразен и игнорантски однос кон нашето национално музичко богатство.

Дали ќе се одважат и ќе се освестат надлежните за значењето на оваа институција во национални и меѓународни рамки, дали се свесни за тежината на проблемот кој што можеби и ненамерно го предизвикале, а сега веќе истиот е претворен во скандал од огромни размери и дали ќе најдат некакво решение со кое ќе ги испочитуваат музичарите од двата оркестри, бидејќи и оние музичари од џез оркестарот заслужуваат достоинствени услови за работа и за развој на нивната дејност.

На некои од протестите филхармоничарите истакнаа дека ја имаат поддршката од бројни меѓународни диригенти и солисти, кои се запрепастени од оваа одлука за која нема никакво рационално оправдување. Поддршката доаѓа и нивните колеги од Белградска Филхармонија која што доаѓа во Скопје на 24 јуни, заедно со светскиот диригент Зубин Мехта, прославувајќи ја 100 годишнината од своето постоење. Белграгани ем без концертна сала, ем ја почнаа својата прослава со огромна поддршка од нивниот Министер за култура, ценејќи ја филхармонијата како национално богатство. Нашите филхармоничари ќе прославуваат 80 години од своето постоење изгледа на улица и со блокирана сметка а можеби како роденденски подарок од Министерот за култура и Премиерот ќе си добијат уште една институција со која што понатаму ќе треба самите да се снаоѓаат како ќе го делат просторот.

За жал, изманипулирани се и едните и другите, и филхармоничарите и џезерите, ама едниве барем се свесни па се борат да си го зачуваат објектот и достоинството, а другиве сеуште веруваат дека правдата е на нивна страна. Профитира некој од сето ова, но допрва изгледа ќе се дознае кој…вистината е како шило, ќе излезе на виделина кога-тогаш!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски. Претседателот на...

Сите заеднички сплотени за мајка Македонија: Погледнете како се славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата издвојуваа победа на парламентарните и претседателските избори. Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ еуфорично и братски ја прославија победата на градскиот...

Охрид доби тројца пратеници од ИЕ5 во Собранието на Република Македонија

Честитки за народот, за сите охриѓани кои ни дадоа огромна поддршка и доверба испраќајќи единствена порака дека е време за ново поглавје и доаѓаат...

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...