22.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаСветПутин се огласи за смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен

Путин се огласи за смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Путин денеска изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми.

<

Рускиот претседател го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група „Вагнер“ кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина.

-Тоа никогаш нема да го заборавиме, изјави рускиот лидер.

Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај.

Тој кажа дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време.

Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот со Пригожин се урна северно од Москва.

Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што се урна вчера во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...

ЕУ амбасадорот Рокас со пофалби за урбаната трансформација на Охрид

Градоначалникот на Охрид денес оствари срдечна средба со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија. На средбата разговаравме за повејќе значајни теми и области за...