9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаНуредини: Јас службената кола ја возам само додека сум на работа, во...

Нуредини: Јас службената кола ја возам само додека сум на работа, во Тетово си ја возам мојата

Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека ќе сноси одговорност доколку Антикорупциска утврди дека биле користени службени возила за приватни цели.

Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за тоа што Антикорупциска побара одговорност за двајца министри помеѓу кои и тој, истакна дека целосно го почитува и поддржува тоа што институциите во оваа земја го прават, и она што антикорупциската треба да го направи за да го истражи случајот.

Отворено ве поканувам да погледнете во сите трошоци кои што ги имам јас како во институцијата, да видите дали некогаш сум злоупотребил некој фонд, дека ние сме пример дека не сме злоупотребиле државни фондови. Може да погледнете во километрите кои што возилото со кое се возам. Јас живеам во Тетово и возам секој ден до таму, но кога ќе стигнам дома го користам приватното возило, никогаш не сум злоупотребил државни ресурси. Што се однесува до колата која што ја возам, во моментот кога ќе излезам од колата, при што официјалните работни часови не се од 7:30 до 16:30, ние константно работиме, дури и навечер. Како и да е, кога сум во Тетово, во мојот дом, ја користам приватната кола дури и за обврски поврзани со работа како министер, изјави Нуредини.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...