22.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаСветПретседателот на Украина Зеленски: Поради Меркел не сме ние во НАТО

Претседателот на Украина Зеленски: Поради Меркел не сме ние во НАТО

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел стои на одлуката на НАТО од 2008
година да не ја прифати Украина како членка на Алијансата, одговарајќи на критиките
за нејзината политика кон Русија за време на нејзините 16 години на власт.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше Меркел и тогашниот
француски претседател Никола Саркози, дека нивните одлуки на самитот на НАТО во
2008 година се пример за неуспехот на политиката кон Русија што придонесе до
денешниот конфликт.

„Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел останува на своите одлуки во
врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година“, изјави за германската
новинска агенција ДПА лице одговорно за медиумите на поранешната канцеларка.
„Поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на федералната влада и
меѓународната заедница кои ја поддржуваат Украина за да стават крај на варварството што го спроведува Русија и војната против Украина“, се додава во соопштението.

Во 2008 година Украина побара пристап до НАТО но, според некои информации, бил
блокиран од Саркози и Меркел.
Во завршната изјава од самитот беше ветено на Украина идно членство, но без
временска рамка за отворање акционен план за членство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...