16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаАвстралијаАВСТРАЛИЈА ГОРИ: Илјадници луѓе повикани на евакуација, туристите загрозени

АВСТРАЛИЈА ГОРИ: Илјадници луѓе повикани на евакуација, туристите загрозени

spot_imgspot_img

Илјадници туристи би можеле да бидат загрозени денес во југоисточна Австралија, каде што пожарникарите се подготвуваат за нов бран шумски пожари поради новиот топлотен бран во земјата.

Неколку стотици шумски пожари моментно беснеат во Австралија. Повеќе од 30.000 луѓе се повикани на евакуација од туристичка област во државата Викторија на југоистокот на Австралија во неделата. Властите стравуваат од ширење на три пожари како резултат на ветрот, што може да предизвика прекини во сообраќајот на магистралниот пат во областа.

Локалните власти соопштија дека сè уште има многу локални жители и туристи во околината и дека може да бидат загрозени. Деновиве во тие делови на Австралија имаше повеќе од 40 Целзиусови степени, како и грмежи со голем ветер.

Противпожарната служба соопшти дека може да биде „опасен ден“ денес, поради молња што може да предизвика пожар. Најмалку десет лица се убиени од септември во пожари кои уништија околу 1.000 домови и повеќе од три милиони хектари земја.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...