15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридКога општината не сака пензионерите се одлучија сами да ги поправат клупите...

Кога општината не сака пензионерите се одлучија сами да ги поправат клупите за седење низ Струга.

spot_imgspot_img

Кога пензионерите ќе се здружат и кога имаат идеја да реализираат некаква активност,тогаш работата се знае дека на најдобар начин ќе биде завршена.

Така се случи и со една група на пензионери од Струга,која и покрај пандемијата со корона вирусот што владее,сепак,реши да разубави еден мал дел од градот,што се чуствува оваа туристичка сезона.Имено,за што се работи?

По иницијатива на пензионерот дипл.инж.Трајче Пљушкоски се собраа една група на струшки пензионери и пред плажата на „Галеб“презеде акција со која беше извршена поправка на скршените и дотраени делови на клупите за починка што се дел од овој простор.Пензионерите со чуство на љубов кон градот,а со цел да го подобрат ликот на овој дел од туристичка Струга собраа свои средства и нежалејќи време и труд,поминаа од зборови на дело.Скршените и дотраени делови од клупите здружено беа поправени и исфарбани,беа заменети и дотраените делови,така што со обновата на повеќето од нив,се создадоа пријатни услови,туристите и граѓаните,во овој дел да најдат пријатно катче за одмор и разговор.


Нашата акција и активности потекнаа спонтано,но затоа го привлече вниманието на еден број струшки пензионери,кои ни се приклучија,истакнува нашиот соговорник иницијаторот Трајче Плушкоски,кој уште додава.Но,ние нема да застанеме тука,туку напротив,бидејќи имаме доволно слободно време,а и желба нашата Струга туристичкаи да биде убаво уредена,планираме да преземеме вакви и слични активности и акции и во други делови на градот во иднина.Со тоа ќе ги потикнеме нашите колеги и пензионери и тие да учествуваат и да организираат вакви и слични активности за доброто на сите…


Ова е многу добар и поучен пример дека кога се сака нешто да се преземе за подобрувањето на нашиот живот,тогаш може да се најдат и учесници,но и да се присоберат средства за реализацијата на замислената идеја…Примерот од Струга е е за поздравување и истакнување вели претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски,кој на членовите од Извршниот одбор ќе предложи оваа иницијатива ако продолжи ЗП Струга,матерјално да ја помогне.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ohridnet

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...