7.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаЗабаваСтари народни верувања: Еве како во куќата секогаш да имате пари?

Стари народни верувања: Еве како во куќата секогаш да имате пари?

Начинот на кој се однесувате кон парите, па дури и положбата на метлата во куќата, велат нашите стари, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.

Постојат луѓе кои веруваат во старите народни верувања, но и да не верувате, сигурно овие преданија ќе ви бидат интересни:

1.Кога ќе позајмувате пари и барате покачување

Покачувањето треба да го барате во среда за време на денот. Не позајмувајте пари на пријателите и познаниците во вторник. Како што се верува, наутро треба да давате и земате заем, затоа што било какви операции со пари кои ги извршувате навечер водат во пропаст. Обидете се никогаш да не барате заем, а често давајте пари на оние кои од вас бараат бидејќи така ќе ги програмирате да ви се вратат на друг начин.

2.Платата треба да преноќи

За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да трошите ниту денар. Целата сума, според верувањето, треба да преноќи во вашиот дом.

3.Што не се позајмува на соседите

На соседите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом.

4.Куќни правила за полн буџет

Пари нема да има ако ги чистите трошките со рака.

5.Кога џебовите носат пари

Џебовите од облеката која виси во орманот наполнете ги со метални и книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или испаднати копчиња.

6.Старо верување за метлите

За во куќата да има пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу.

7.Направете триаголник од 10 денари

Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета – први заработени пари или добиени од добар човек. Таа монета не треба да ја трошите – таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат до вашите раце.

8.Чување монети

Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некој денар. Сите пари мора со главната страна да бидат свртени кон газдата.

9.Не крадете туѓа среќа

Добиените пари на коцка, нечесно заработени, најдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во вашиот паричник. Поделете ги со сиромашните или брзо потрошете ги.

10.Чувајте крупна банкнота

Во куќата или станот година дена треба да чувате крупна банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за...

Ковачевски: Не даваме лажни ветувања-Имаме конкретна програма и визија каде ја гледаме Северна Македонија до 2030 година

„На изборите ќе насташиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1,...

Николоски: Со оваа власт процветаа криминалот и корупцијата во Македонија, но крајот им се ближи и ќе одговараат пред законот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека со оваа власт криминалот и корупцијата процветаа во Македонија,...

Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција...