2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветКосовскиот екс премиер Рамуш Харадинај ја претепал сопругата.

Косовскиот екс премиер Рамуш Харадинај ја претепал сопругата.

spot_imgspot_img

Aнита Муцај Харадинај, новинар на РТК и сопруга на Рамуш Харадинај, синоќа e примена во Ургентниот центар во Приштина откако ja претепал нејзиниот сопруг, Рамуш Харадинај, пренесуваат албанските медиуми.

Рамуш и Анита се во брак 17 години. Пред тоа, тој беше оженет со Швеѓанка со која има син од првиот брак. Тој има три деца, два сина и ќерка со новинарката Анита.

Таа преку објава на Фејсбук потоа негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години.

„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде! Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и  веќе 17 години сом многу добро со Рамуш “, пишува таа.

Анита Харадинај, е презентерка на вести во Косовска национална телевизија, а неодамна присуствуваше на Самитот на жените во Лондон, каде е избрана за една од најмоќните жени во светот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...