11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаСветИлон Маск не е повеќе најбогатиот човек во светот, за само еден...

Илон Маск не е повеќе најбогатиот човек во светот, за само еден ден загубил 14 милијарди долари.

spot_imgspot_img

Акциите на неговата компанија за производство на електричните возила „Tesla“, вчера се намалиле за речиси осум отсто.

Сопственикот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ Илон Маск, кој што неодамна беше прогласен за најбогатиот човек на светот, повторно се најде на второто место на оваа листа пoради тоа што неговото богатство се намали за речиси 14 милијарди долари за само еден ден.

Акциите на неговата компанија за производство на електрични автомобили „Tesla“ вчера се намалија за осум отсто, со што неговата нето вредност се намали за 13.5 милијарди долари.

Така Маск откако во петокот беше објавено дека го надмина богатството на директорот на „Амазон“ – Џеф Безос, како најбогата личност на светот, повторно се најде на второто место на таа листа, покажува проценката на „Форбс“.

Сега заостанува околу 6 милијарди долари зад Безос, чија нето вредност се проценува на 182.1 милијарда долари.

Акциите на „Амазон“ вчера се намалија за повеќе од два отсто, што ја намали и нето вредноста на Безос за 3.6 милијарди долари. Без оглед на тоа, Маск и понатаму за 20 милијарди долари е побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун на луксузна роба.

точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...