12.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотБитолчанецот кој реставрира легендарен американски авион од Втората светска војна

Битолчанецот кој реставрира легендарен американски авион од Втората светска војна

spot_imgspot_img

Битолчанецот Никола Попоски кој живее  на Флорида, САД успеа да реставрира легендарен американски авион од Втората светска војна. Тој успеа да го оживее  леталото познато како „скакулец“ од 1943, кое сега повторно лета. Овој авион е раритет во светското воздухопловство и малкумина летаат со него .

Никола, или Ник како што го викаат во Америка, на реставрацијата на „скакулецот“ работел цели осум години. За Никола и за овој негов потфат пишуваа американски весници.  Детално се опишува процесот на реставрацијата на авионот и напорите на Попоски да обезбеди оригинален мотор, елиса, боја еднаква на оригиналот, за проблемите со изработката на крилата пишува сдк.мк.

“Јас овој авион го најдов на Ибеј, расклопен и во многу лоша состојба. Крилата беа неупотребливи и градев нови  според цртежи од оригиналот. Употребливи беа само металните делови. Мотор и елиса немаше, па морав да барам оригинални. Некои метални делови требаше да се прават по нарачка. На тој начин ги обезбедив ребрата за крилата како и самите крила, кои се од специјално дрво“, вели Попоски за сдк.мк .

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...