Според Кривичниот законик на Србија, Урош Б., кој е осомничен за убиство на осум лица, доколку нема над 21 година, не може да биде осуден на доживотен затвор, односно на најстрога затворска казна, изјави адвокатот Вељко Делибашиќ за Танјуг.
Максималната казна за него доколку нема 21 година ќе биде 20 години.
Урош Б. е осомничен дека во Младеновац убил осум и ранил 13 луѓе, а во околината на Крагуевац е уапсен.
<