17.8 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНа нашите млади математичари им требаат 600.000 денари за на Олимпијада. Ајде...

На нашите млади математичари им требаат 600.000 денари за на Олимпијада. Ајде да ги пратиме нашите умни глави во Јапонија!

Вкупно 600.000 денари се потребни за младите математичари од Македонија да стигнат на Интернационалната математичка олимпијада во Јапонија која ќе се одржи од 2 до 13 јули. Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) кои го организираат претставувањето на нашата земја на ИМО 2023 отвори можност за донации за да им се олесни товарот на учениците.

 

Тие неколкупати досега постигнаа фантастични резултати и освоија многу медали на регионалните и светските натпревари. За овој натпревар треба сами да си ги платат авионските билети до Токио. Македонскиот тим на ИМО 2023 годинава го сочинуваат средношколците: Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Спировски, Никола Цветаноски, Јан Стојановски и Бранко Јангеловски. Учениците ќе ги придружуваат водачот на тимот проф. д-р Мирко Петрушевски и заменик-водачот Илија Јовчески, од Сојузот на математичарите на Македонија.

 

4. издание на ИМО се одржува во Чиба, близу Токио. Организатори се Фондацијата на математичката олимпијада на Јапонија во соработка со Агенцијата за наука и технологија на Јапонија и повеќе институции и здруженија од земјата. Ова ќе биде најголемата математичка олимпијада досега, а ќе учествуваат 110 земји од целиот свет.
Македонија во последните години постигнува одлични резултати на меѓународните натпревари. На јубилејната 40. Балканска математичка олимпијада што на почетокот на мај се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд– за прв пат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени. Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот – Дамјан Давков, а со бронзените се закитија: Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски. Лани на ИМО 2022 во Осло македонската репрезентација освои два сребрени и два бронзени медала. Преклани на ИМО 2021 во Санкт Петербург Дамјан Давков освои сребрен медал и стана најмладиот медалист во Европа на светскиот натпревар.

 

Да им помогнеме на златните деца да стигнат во Токио.

Сојуз на математичарите на Македонија
Ул. Архимедова бр. 3, Скопје,
Жиро сметка: 300000001276071
ЕДБ: 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...