15.9 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаМакедонија72 години непребол: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

72 години непребол: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

13 Август 1951 година, сведочи за еден громорозен чин во кој беа убиени златни деца… Златната струмичка петорка, позната и како Струмичката петорка или петте струмички студенти.

Приказната за петте струмички студенти е приказна за една предвреме згасната младост, приказна за една љубов, кон нивните девојки, но пред се кон родното ВМРО и Македонија, приказна за нова голгота со трагичен крај.

Но почетоците на оваа приказна датираат порано, со самото воспоставување на комунистичка власт меѓу народот се јавуват првите знаци на назадовлстово, а Струмица се истакнувала со незадоволството за гушењето на националниот дух на жителите, како и за одземањето на земјата (експропријација и национализација).

Токму ова резултирало со пројавување на голем гнев и револт меѓу граѓаните на град Струмица. Струмичката гимназија со своите ученици, младите и напредни струмичани ќе стане местото каде што силно ќе се пројави идејата за ВМРО, за Независна Македонија и за борба против новите комунистички власти.

Првата акција се случува на 1 Мај (денот на трудот) 1946 година кога помеѓу народот се разделуваат летоци со текст: “Долу експонатите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!”, „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев”.

Овие 2 реченици силно ќе одекнат низ Струмица со што се јавува незадоволство од страна на комунистичката власт, која ќе започне масовни апсења на територијата на град Струмица. По оваа акција во Струмица ќе бидат уапсени 25 млади луѓе, меѓу кои од нив ќе бидат и тројца од петте подоцна убиени студенти кои беа и осудени на затворска казна.

Меѓу уапсените во првата акција се: Методија Калкашлиев, Ѓорѓи Јармов, Коста Хаџимишев, Љубен Топчев, Мирко Христов, Мирко Пецев, Борис Белев, Владимир Тодоров, Кирил Карагоцев, Никола Апостолов, Крсто Минашев, Душко Бунчев, Иван Хаџивасилев, Глигор Ганчов, Иван Андонов, Панче Шаламанов, Петар Брзилов, Ристо Паланов, Стојан Терзиев, Ратко Семенков и други. Во друга акција на ОЗНА (УДБА) уапсени се и други Струмичани: Живко Костуранов, Ристо Костуранов, Алекса Абрашев, Томе Мазнејков, Глигор Димитров, Ефтим Бојчев и други. Во судскиот процес кој ќе следи, на 21.08.1946 година во Штип осудени се: Методија Калкашлиев, Коста Хаџимишев и Ѓорѓи Јармов на по три години затвор, Љубен Топчев на две и Мирко Пецев на една година затвор. Поради недостиг на докази, ослободен е Борис Белев, тогаш сеуште ученик. Казната е извршена согласно новиот контроверзен „Закон за кривични дела против народот и државата“ (најчесто член 3, точка 8), врз основа на кој и се водеа овие монтирани судски процеси.

Во обвинителниот акт на Методија Калкашев, лидерот на уапсената група се вели: „са всите обвинети, недоволни од денешната власт, во начелото на 1946 година во Струмица, организирале во удружење со фашистички цели против уставниот поредок. Така, под раководство на обвинетиот Калкашев – истите се организираат во организација која што има за цел борбата против денешната ФНРЈ и нејзиниот уставен поредок и одвојување на Н.Р Македонија од составот на ФНРЈ во некаква си „Автономна Македонија” на чело со крволокот на мак. народ Ванчо Михајлов, а под протекторат на Англија и Америка”.

Таткото на Методи Калкашлиев без судски процес е убиен од страна на комунистичките власти.

По завршувањето на затворската казна, Методи Калкашлиев, Коста Хаџимишев и Љубен Топчев бегаат во Грција, а од таму за Бразил, додека Ѓорѓи Јармов, Мирко Пецев и Борис Белев со тешки опструкции ја завршуваат гимназијата и се запишуваат на различни факултети: Борис Белев (22г.), студент по физика, Стево Топчев (19г.), студент по право, Ѓорѓи Костуранов (21г.), студент по медицина, Ѓорѓи Јарaмов (22г.), студент по геологија и Мирко Пецев (23г) студент на Педагошката Академија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...

Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција.

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот...