11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаАвстралијаАвстралијка собра илјадници евра за да реновира училиште во Македонија

Австралијка собра илјадници евра за да реновира училиште во Македонија

spot_imgspot_img

„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија“, изјави Австралијката со македонско потекло околу инспирацијата за проектот.

Медисон Ристевски е 16-годишна девојка од Австралија, која има македонско потекло. Веќе четврта генерација од нејзиното семејство живее таму, но тие не ја забораваат Македонија.

 

На училиште таа добила задача да лансира проект со кој ќе го направи светот подобро место за живот, па така одлучила да собира донации за реновирање на медицинското училиште во Битола. Била разочарана од неговата состојба при една посета во Македонија.

„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија, земја каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на живот се сметаат за најдобри во светот.

Во битолската образовна установа ѕидовите и таваните беа покриени со влага. Тоалетите или беа скршени или течеа или не се пушташе вода како што треба и имаше непријатен мирис од мигот штом влегов“, вели Медисон. Таа си постави задача да собере 29.000 евра за реновирање на објектот и упати апел за донации преку онлајн платформа, а за само 4 месеци успеа да ги мотивира луѓето од Австралија, но и целиот свет да донираат дури и повеќе од првично зацртаната цел.

Целта на Медисон е да испрати порака дека секоја цел е остварлива, само ако сте одлучни и работите напорно.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...