17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветШеф на хуманитарна организација: Собраните пари ги потрошив на коцка и ку*ви

Шеф на хуманитарна организација: Собраните пари ги потрошив на коцка и ку*ви

spot_imgspot_img

Собирањето на хуманитарна помош за болните и социјално загрозените лица ги охрабрува луѓето да се вклучат во акции и на тој начин да им помогнат на оние на кои им е најпотребна помош. Меѓутоа во целиот тој систем има луѓе кои ги злоупотребуваат тие пари за свои потреби. Пишува: Вечер

Еден таков пример доаѓа од Хрватска каде претседателот на една хуманитарна организација парите ги трошел на жени, алкохол и д*ога, како што и тој самиот призна.

Имено, приказната започнува со семејството Сигур од Хрватска кои поради земјотрес останале без дом. Во бранот добротворни цели во Хрватска, на семејство му била ветена помош од една организација од градот Каштел.

-Ни ветија дека ќе започнат акција за нас, дека ќе соберат средства и ќе ни изградат куќа – односно дека ќе ја срушат постоечкава и на истото место ќе изградат нова, изјавила Марија Сигур за емисијата “Проверено” на Нова Тв.

Таа и открила дека неколку организации им помогнале да го исчистат закопаниот бунар и да го решат проблемот со водата, а направена била и проценка за реновирање на куќата. Па така започнала и хуманитарна акција. Иако според првите проценки требало да бидат собрани околу два милиони денари сепак на крај се собрале околу 420 илјади денари.

Па така тие добиле повик од хуманитарната организација “Славонско Срце” велејќи им дека имаат вишок средства кои им останале од друга хуманитарна акција и дека според закон парите мора да бидат префрлени на следната хуманитарна акција од ист тип.

Меѓутоа, наместо трансфер следувало шок. Шефот на хуманитарната акција од Товарник ги потрошил сите пари.

-На почетокот на акцијата никој не кажа дека тие пари треба да ги дадеме на друг. Тогаш полудев и не сакав да ги дадам парите на никого. Па така ги потрошив ненаменски, изјавил тој за “Проверено”.

-Ги потрошив на коцка, дрога и к*рви, додал тој.

Изјавил и дека е свесен дека сторил кривично дело и дека е подготвен да одговара но и додава дека парите ги потрошил бидејќи бил фрустриран.

-Се срамам, но барем им докажав на оние кои си играат богови низ општините дека не се семоќни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...