12.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаСветАлбанската јавност бара враќање на смртната казна- Премиер Еди Рама вели дека...

Албанската јавност бара враќање на смртната казна- Премиер Еди Рама вели дека тоа не е можно..

spot_imgspot_img

По грозоморниот чин кај Фиер, каде маж со лопата уби дете, албанската јавност бара враќање на смртната казна. Албанскиот премиер Еди Рама вели дека тоа не е можно.

Рама изјави дека враќањето на ваква пресуда не е ниту можно, ниту е волшебно стапче за да се спречат вакви настани кои се случуваат во сите општества.

Додаде дека ја разбира оваа реакција, но прашањето за смртната казна е прашање кое одамна е оценето како цивилизациско прашање.

Тој не ја исклучи можноста за преиспитување на законската регулатива за зголемување на висината на казната.
Инаку, маж со лопата го убил детето на соседите и го закопал во дворот. Телото на осумгодишниот Матео Васиу, е предадено на семејството, по обдукцијата, во која е потврдено дека Клодиан Чаламани (38), го усмртил со повеќе удари со лопата во пределот на главата. На местото во училишната клупа неговите другарчиња денеска поставија букет цвеќе.

Последната смртна пресуда во Албанија е извршена на 25 јуни 1992 година, кога во центарот на градот Фиер беа обесени браќата Јосиф и Дритбард Чуко од селото Либофш, кои беа осудени за повеќекратно убиство, случај познат како „Масакрот во Либофш“. Тие на 29 мај 1992 година при обид за кражба во куќата на семејството Путо во споменатото село убија пет лица, мајка,татко, син, снаа и нивната осуммесечна ќерка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...