6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЕстрадаБолната вистина за Саша и Дејан Матиќ: Ослепевме поради лекарска грешка (ВИДЕО)

Болната вистина за Саша и Дејан Матиќ: Ослепевме поради лекарска грешка (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Популарните браќа Дејан и Саша Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар, Босна. Сите детали пред породувањето покажувале дека сè е во ред со бебињата, а родени се предвреме. Бебињата веднаш по рашањето биле ставени во инкубатор. Неколку дена по раѓањето, беше откриено дека се слепи.

Со години се шпекулираше и пишуваше за нивната состојба, причините поради кои се појавило слепилото и дали некој од нив „може да види нешто бар малку“. Конечно, по голем број на болни шпекулации во јавноста вистината доаѓа од самото семејството, браќата Матиќ зборуваат на тема губење на видот.

Дејан никогаш не се распрашувал за вината, но тврди дека нечиј неуспех е причината поради која тој и неговиот брат се слепи.

– Тоа е небрежност. Сега, кој … не истражував и прашав кој е виновен. Дали е некој доктор, дали е медицинска сестра, не навлегував во тоа. А дека слепилото дошло како последица на грешка и негрижа, тоа ние јасно дека е така, Вели Дејан Матиќ.

Саша зборуваше и за оваа тема за нашиот портал. На прашањето дали е вистина дека тој имал можност со операција и да го врати видот, но тоа не го сторил заради солидарност со братот Дејан, Саша вели дека тоа е лага.

– Не, тоа е луда приказна. Тие кои го предлагаа тоа всушност сакаа да направиме некои експерименти. Ова не го дозволија родителите, ниту ние – ни кажува Саша.

Како што истакна, ова е последен пат кога тој зборува на оваа тема.

– Толку не ми се допаѓа она што се зборуваше на оваа тема со години, што таква непријатност не можете ни да замислите! Двете најлоши теми ми се – дали сум во расправија со мојот брат Дејан, и што се сличило со нашето слепило. Моите пријатели и луѓето со кои сум во постојан контакт знаат како живеам и знам дека го сакам овој живот најмногу на светот. Дали бев третиран и со кого се лекував е моја приватна работа. Има една приказна кога еден мој пријател повикал такси и притоа го прашале: „Во која насока одите?“ А тој им одговорил: „Кму воопшто му е гајле за тоа и за мене, освен мене самиот?“ – ни рече Саша.

Живеам нормално, убаво ми е и не би го менувал својот живот за ништо на светот, заклучи Саша Матиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...