19.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаАвстралијаПрослава на разноличните култури на Нов Јужен Велс во текот на Мултикултурниот...

Прослава на разноличните култури на Нов Јужен Велс во текот на Мултикултурниот март

Media Release

Петок, 8 март 2024
Успешното мултикутурно општество на Нов Јужен Велс е на увид овој месец кога Нов Јужен Велс го прославува Мултикултурниот март, сведоштво на нашето разнолично, хармонично и мултикултурно општество.
Десетици фестивали организирани од локални организации ќе се одржат ширум внатрешноста и градските области на Нов Јужен Велс, при што Владата на Нов Јужен Велс инвестира околу 250.000 долари во локални фестивали и настани, од мултикултурни фестивали во внатрешното подрачје на Сиднеј до гала настани во западен Нов Јужен Велс. Тука е и една од најголемите прослави на културата во државата – Рамаданските ноќи во Лакемба.
„Мултикултурниот март им дава на луѓето можност да размислуваат за огромниот придонес што го даваат мултикултурните заедници и да ја прославуваат нашата богата културна разноличност“, изјави Џозеф Ла Поста, главен извршен директор на Multicultural NSW.
„Секаде каде што живееме постои можност да се зближиме за да создадеме нови пријателства и да ги зацврстиме нашите врски ширум заедниците.“
Една од атракциите на месецот ќе биде Премиеровата вечера на хармонијата, на која на непознати херои на заедницата им се оддава признание за неуморната посветеност на вредностите на мултикултурализмот.
Претседавачот на Советодавниот одбор на Multicultural NSW Ник Калдас изјави: „Уште еден значаен белег на Мултикултурниот март е Мултикултурната почесна листа, оддавање посмртно признание на луѓето кои дале траен придонес за заедницата на Нов Јужен Велс, која продолжува после нивната смрт.“
„Нов Јужен Велс е дом на луѓе од сите делови на светот. Ние сме една од културно
најразноличните заедници во светот“, рече тој.
„Нашиот успех заслужува да биде признат и прославуван, а учеството во фестивали и настани е извонреден начин нашите заедници да го направат токму тоа.“
Март е исто така неверојатно значајно време за верските заедници ширум Нов Јужен Велс, кога голем број христијани го слават Велигден, хинду го слават Холи, персиската заедница го одбележува Новруз како Нова Година, а муслиманската заедница го одбележува Рамадан.
За комплетен календар на локални активности што се одржуваат во текот на Мултикултурниот март видете на www.multicultural.nsw.gov.au.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...