12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЕстрадаОхриѓанец им одржа лекција по пеење на''Ѕвездите во Гранд''

Охриѓанец им одржа лекција по пеење на”Ѕвездите во Гранд”

spot_imgspot_img

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и 26 годишниот Александар Јосифовиски од Охрид.

Тој во првиот круг се претстави во песните „Једина“ од Владо Георгиев и „Угаси ме“ од Парни Ваљак.

Веднаш кога започнаа да пее жирито меѓу себе си коментираше дека тоа има убава боја на гласот и дека потсетува на Владо Георгиев.

По неговото претставување тој освои вкупно седум гласа односно ги доби сите гласови на жирито и досега тој е единствениот Македонец кој ги освои сите гласови.

Во бекстејџ го бодреа сопругата, тетката и неговата мајка која жирито кога ја виде беше изненадена од нејзиниот сексапил и веднаш ја повикаа да излезе на сцената.

„Мама вие изгледате подобро од пола естрада“ прокоментира Јелена.

Мајката на Александар, Елизабета на сцената отпеја дел од песна, а публиката и жирито ја поздравија со аплауз. Карлеуша која беше воодушевена од Елизабета истакна дека нејзиното име одговара и на стајлингот и на изгледот.

Александар за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид кој му порача на Македонецот дека му треба: „Ти ми требаш во овој вид на натпреварување и мора да го оправдаме образот “ истакна Ѓорѓе.

По овој коментар, Ѓорѓе се поздрави и ја бакна мајката на Алексаданр.

Како Ѓорѓе и Александар ќе се подготвуваат за следниот круг останува да видиме. Неговиот настап може да го подлегнете во видеото подолу на 38:45.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...