16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаЕстрадаМузичарите не се согласуваат со одлуките на владата и најавуваат протести !

Музичарите не се согласуваат со одлуките на владата и најавуваат протести !

spot_imgspot_img

Почитувани музичари и музички работници, членови на музичките здруженија во Р Македонија,со неверување и доза на вчудоневиденост ја проследивме информацијата т.с јавниот повик на Владата за шестиот пакет мерки,посебно мерката број 4 каде се опфатени музичарите и доделувањето на финансиска поддршка.Во разговорите со владините претставници,за овој јавен повик,неговите услови и критериуми,за начинот на аплицирање и неговата содржина,требаше да се подготви со наше учество партиципација и мислење,но за жал тоа никогаш не се случи,и овој повик со неговите критериуми и услови е донесен без консултација со некој од претставниците на постоечките музички здруженија ,иако ни беше кажано и ветено спротивното.За почеток,сам по себе повикот има неколку контрадикторности и нелогичности,ќе се обидеме да образложоиме зашто е тоа така.Како прво,кога се презентираше шестиот пакет мерки,јасно беше наведено од владата дека,цитираме “Финансиска поддршка од 30.750 денари(од наша страна беше побарана сума од 42.000ден) ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари” и начинот на аплицирање ќе се одвива преку мин за Култура” на кое ние на 22 април 2021 излеговме со соопштение дека НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ со ваквиот начин на аплицирање и услови,и итно реагиравме до Кабинетот на Министерството за култура, Вицепремиерот Фатмир Битиќи и Генералниот Секретаријат со БАРАЊЕ – овој вид на аплицирање да се избегне, од проста причина бидејќи е тотално непотребен, бирократски комплексен и критериумот кој се однесува на “просечен месечен нето приход под 15.000 денари за 2020 година“,не коренсподира со реалноста од проста причина што не цела 2020 година беше пандемска година и некои од нашите членови, може да не го исполни овој услов и да не добие финансиска помош.Ако ја погледнете објавата од 22 април на Владата ќе видите дека таа гласи “Финансиска поддршка од 30.750 денариќе добијат и сите музичари,членови на музичките здруженија” напоменуваме СИТЕ МУЗИЧАРИ,но за жал со овие наметнати услови и критериуми тоа едноставно не е вистина,ниту ќе бидат опфатени СИТЕ музичари,ниту во јавниот повик се споменуваат постоечките музички здруженија.Во нашите разговори со владините претставници беше јасно посочено од наша страна дека овие услови и критериуми кои се дадени од страна на Владата се за нас неповолни и искочивме со конкретни разумни барања преточени во три точки1.Временската разлика која е дадена како услов “Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.” да се замени и да се земе во обзир периодот од 01.01.2021 до 31.05.2021 година.ОБРАЗЛОЖЕНИЕ – Месеците Јануари,Февруари и половина од Март во 2020 не беа “пандемски” месеци и од таа причина што не цела 2020 година беше пандемска година и се работеше активно барем во овие два и пол месеци, голем дел од нашите членови, може и да не го исполни овој услов “под 15.00 денари” и да не бидат подобни за финансиска поддршка.2.Во овој јавен повик да влезат и таканаречените “социјални случаи“ т.с примателите на социјална помош како и слободните и самостојни уметници.ОБРАЗЛОЖЕНИЕ – на оваа точка не би додале некое посебно образложение,од човечка природа и од проста причина што на оваа категорија на наши граѓани музичари уметници и те како им е потребна оваа финансиска поддршка.3.Аплицирањето да се одвива преку постоечките регистрирани музички здруженија со тоа што наша обврска би била да предадеме прочистен регистар на активни музички регистрирани членови на понатамошна обработка од страна на Владата т.с Управата за Јавни Приходи – УЈП.ОБРАЗЛОЖЕНИЕ – Начинот на аплицирање како што се бара од нас со директно доставување на пријавата во Влада – Генерален Секретаријат а притоа прескокнувајки ги музичките здруженија е контрапродуктивен,тотално непотребен, бирократски комплексен и може да доведе до развлекување на временскиот рок на добивање на помошта и затоа сметаме дека самите здруженија треба да предадат комплетен прочистен список(регистар на активни членови) на понатамошна обработка,нормално со веќе преддоговорените услови и критериуми за аплицирање.Но,за жал и на наше чудење,не само што ниедно од овие наши барања не се прифати,туку целата процедура е докомплицирана и нелогична уште со барањето да се достави “Годишна Даночна Пријава за 2020 година” кое само по себе е небулоза од причина што многу од членовите се пожалиа дека тој документ од УЈП не може да се извади на време т.с до 25 мај 2021 година до денот кога е даден рокот за пријавување на овој јавен повик.Овие критериуми какви што се,не коренсподираат со реалноста и овој “ЈАВЕН ПОВИКЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ” ние како таков НЕ ГО ПРИФАЌАМЕ и БОЈКОТИРМЕ од проста причина што само мал процент (2-3% на музичари) ги исполнуваат овие услови наметнати од Владата на Р Македонија.Во текот на изминативе месеци,секогаш конструктивни и трудејќи се заеднички да најдеме решенија за проблемите кои ни ги донесе оваа пандемија сме настојувале преку дијалог а не преку ПРОТЕСТИ да биде нашиот начин на комуникација со владата и владините претставници,но за жаз по последниот јавен повик и неговите услови и критериуми кој се ригорозни и содржат доста нелогичности и од кој директно зависат над 1300 музичари во државава да добијат некаква финансиска поддршка,ние немаме друга опција освен на ова деградирање на дејноста музичар изведувач да изреагираме на соодветен начин,и со таа цел во вторник 18.05.2021 година координативното тело на шессте музички здруженија свикува прес конференција за медиуми каде што ќе бидат обелоденети и објавени нашите следни чекори,НАЈАВА ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ и БОЈКОТИРАЊЕ НА ОВОЈ ЈАВЕН ПОВИК се до исполнување на нашите разумни барања кое се рефлексија на фактот дека единствено ние како фела сме со забрана на дејност (Службен Весник — 166/20 и 169/20) од почетокот на оваа пандемија и дека оваа ситуација која ни е наметната за нас е веќе тотално НЕИЗДРЖЛИВА.Со почит,КТ на шестте музички здруженија

ИН ТВ Аустралија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...